Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 311 7669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

ИЗЛОЖБАТА 8 MEGA ANNA НА ГОСТУВАЊЕ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со Националната Установа Природонаучен Музеј на Македонија, нa 08 октомври 2019 година во 13.00 часот, организираа палеонтолошка изложба насловена како 8 MEGA ANNA или 8 милиони години. Изложба на предмети и фотографии од фосилни остатоци од слонови од с.Долни Дисан, општина Неготино, од пред 8 милиони години. Во изложбениот салон на Музеј на град Неготино се поставени 40 професионални документарни фотографии во црно бела техника направени од Александар Гаревски, од петгодишното истражување во с. Долни Дисан, од страна на палеонтолозите од НУ Природонаучен Музеј на Македонија, и палеонтолози од Природонаучен Музеј од Софија, Р. Бугарија. Освен фотографии, во музејот изложени се и предмети односно коски, заби, черепи, бивни и слично од слонови-мастодонт, носорог, газела, мајмун и др. Интересно е да се каже дека во овој регион во с.Долни Дисан, Неготино од минатогодишното изтражување, за прв пат се пронајдени посебен тип на бивни од слон, кои што не се најдени никаде на територијата на земјата. На изложбата беа присутни претставници од НУ Природонаучен Музеј, Биљана Гаревска-виш кустос, Билјана Карамачоска-кустос и Ивица Заркадов-лаборант од одделението за геологија и палеонтологија. Во своето излагање, Биљана Гаревска појасни дека ова е прва тематска, палеонтолошка изложба
во општина Неготино на која е претставено богатото фосилно богатство од с. Долни Дисан. Сето ова има воспитно-образовен карактер, запознавање одблизу со една ретка фосилна мега фауна, каракетристична за Балканот. Фослиниот изложен материјал е од пет различни видови на фосилни слонови кои прв пат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и друго. Гаревска воедно изрази голема благодарност до општина Неготино до Музеј на град Неготино, а особено до фамилиите Ташеви и Нојкови од с.Долни Дисан кои дале несебична логистичка подршка при реализациите на истражувањата. Изложбата е посветена на проф. Д-р Ристо Гаревски кој поголемиот дел од својот живот го посветил токму на палеонтологијата и нејзиното афирмирање во светот на науката и културата. Изложбата е од јавен едукативен карактер и ќе биде отворена за посетителите до 04 ноември оваа година.

Контакт

 

Bull. Ilinden 86, Skopje 1000
Телефонски број: 02 311 7669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи