Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 311 7669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Одделение за ботаника

 

            Ботаничкото одделение, како посебно одделение e формирано во 1959 година и во почетокот својата активност ја насочува кон колекционирање на флористички материјал од претставници на дендрофлората, мововите и блатните растенија, а подоцна кон други групи на растенија. Првите почетоци датираат од 1957 година со вработувањето на Владимир Забијакин кој прв започнал со обновувањето и развојот на ботаничкото одделението, во склоп на другите одделенија во музејот.

Нашата држава се одликува со големо флористичко богатство, во кое доминираат вишите растенија, од нив најбројна група се цветните (скриеносемени) растенија, потоа следуваат мововите и папратите.

            Денес, ботаничката изложба е прикажана по систематски ред преку посебни технички решенија каде е презентиран дел од богатството на македонската флора. Во 2010 година ботаничката изложба е реконструирана и изложени се околу 200 вида хербаризирани растенија дополнети со фотографии и едукативни постери.

            Научноистражувачката работа во одделението е насочена кон таксономските и цитотаксономските проучувања на ендемичните, реликтните и ретките растенија како и на таксономско-хоролошкото проучување на одредени родови: Campanula, Orobanche, Scabiosa, Allium и други.

Како резултат на континуираната работа, во депото на ботаничкото одделние има над 34.000 хербариумски листови со примероци од виши растенија а музејскиот хербариум е регистриран во Index Herbariorum New York, Botanical garden, со хербариумски код (Herbarium Code) HMMNH.

 

Лице за контакт: М-р Оливера Матевска, кустос советник

                                 М-р Зоран Николов, кустос

Лаборант: Крсте Глигоров

e-mail: o.matevska@musmacscinat.mk

             z.nikolov@musmacscinat.mk

Контакт

 

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 311 7669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи