Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 311 7669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Previous
Next

Одделение за вертебрата

 

Одделението за вертебрата ја започнува својата работа со основоположникот на музејот д-р Станко Караман, во 1926 година. Како единствен научен работник во тој период, заедно со уште еден препаратор и едно техничко лице, тој колекционирал и формирал богати збирки на животни. Д-р Станко Караман, истражувал поголем број на животински групи, вклучително риби, водоземци, влечуги, птици, цицачи, како и одредени инвертебратни групи, фокусирајќи се подоцна на фауната на подземните води.

Музејските збирки на Одделението за Вертебрата покриваат четири големи групи на организми (риби, водоземци, влечуги и цицачи), кои се застапени со вкупно 25.742 музејски предмети, или 491 музејски предмети во постојаните изложби и 25.251 музејски предмети во музејското депо.

Според бројот на музејски примероци, најбогата е збирката на риби, со вкупно 22.807 примероци, потоа следуваат водоземците (917), влечугите (896) и цицачите (631). Научноистражувачката работа во одделението е усмерена кон херпетофауната (водоземците и влекачите).

 

Лице за контакт: Д-р Весна Сидоровска, кустос советник.

e-mail: v.sidorovska@musmacscinat.mk

Контакт

 

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 311 7669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи