Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 311 7669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Постојана музејска поставка

 

Постојаната музејска поставка го прикажуваа богаството и разнообразието на геата, фосилните видови и живиот свет што ја населува нашата држава а се сместени на приземјето и катот во музејската зграда, на површина од околу 1700 m2. На приземјето се наоѓаат: минералошко – петрографска изложба, палеонтолошката, ботаничка изложба, изложбата на без ʼрбетници и ентомолошката изложба.

Прекрасни вариатети од стибнит, галенит, гипс, родохрозит, сфалерит, гранит, базалт, гнајс, диорит и други се само мал дел од минералошкото-петрографско богаство на нашата држава а изложени во постојаната поставка на музејот. Во диорамите може да се забележат кљови, черепи, вилици, бутни коски, рамени коски, потколеници, заби и други различни видови на фосилни остатоци кои сведочат за живиот свет на територијата на нашата држава, во текот на геолошкото минато. Во продолжение е презентирана флората преку хербаризиран материјал прикажан по еден систематски ред, дополнет со цртежи од градбата на коренот, стеблото и листот. Прикажувањето на без ʼрбетниците започнува со најпримитивните повеќеклеточни животни а потоа се прикажани членконогите, мекотелите, раковите, полжавите, стоногите, пајаците и други ендемски и реликтни форми на оваа фауна со многу помошни средства како што се табели, цртежи, диорами. Приземјето на постојаната музејска поставка завршува со прикажување на анатомијата на инсектите и презентирање на ентомофауната. Во една од диорамите постојат експонати од инсекти кои потекнуваат од тропските и субтропските региони од светот: азиски, индоавстралиски, австралиски, африкански и јужноамерикански кои се впечатливи поради формата, големината и колоритот кои го поседуваат.

Овие изложби на приземјето се отворени во октомври 1976 год. во чест на 50 годишнината од работата на музејот.

На катот од музејската зграда се наоѓа изложбата на ʼрбетници и тоа: риби, водоземци, птици и цицачи а се отворени во јули 1981 год. Изложбата на рибите започнува со приказ на нивната надворешната и внатрешната градба, потоа е прикажано размножувањето, нивната исхрана како и некои нивни карактеристични места на живеење. Според систематска припадност се прикажани и одредени видови на влечуги и водоземци, некои од нив се и малку познати на широката јавност претставени со: змии, дождовник, жаби, гуштери, желки и др. Во продолжение е прикажана орнитофауната во нашава држава преку водни птици, штркови, чапји, дивите патки, мршојадци, орли, еребици, ластовици и други. Посебно се нагласени перјаната покривка, внатрешните органи и скелетот. Во изложбата на цицачите, како организми со највисок степен на организација внимание привлекуваат експонатите на крупните ѕверови (мечката, рисот, лисицата со своите младенчиња, видрата, волкот, рисот и др.), лилјаците, верверицата, глодарите, јазовецот и др. видови животни, придружени со цртежи, текстови кои го потврдуваат богаството и разновидноста на нашата држава.

Контакт

 

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 311 7669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи