Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Препараторско одделение

Во далечната 1953 година во Природонаучниот музејот на Република Северна Македонија престојувале музејски кадри кои беа обучувани за музејските техники и препарирањето што дава и свој придонес во развојот на музеологијата.

Со препарирањето, денес во многу светски музеи се чуваат милиони примероци од биолошки и геолошки материјали, во кои се присутни уникатни, ретки животински и растителни видови, реликти, ендемити и фосили, колекционирани во текот на годините преку истражувања во природата и терените (Krunić и сор. 1981).

Препарираните материјали може да бидат:

  • Водени (животни конзервирани во алкохол и формалин);
  • Дермопластични препарати (цели животни);
  • Хербаризирани (суви растенија и плодови).

Сите предмети во збирките во музејот мора да имаат етикета со основни податоци: детерминација, локалитет, легатор како и влезен и инвентарен број. Исто така се води и евиденција на препарираниот материјал што се запишува во книга за евиденција. За зачувување на музејскиот материјал, два пати во годината се врши фумигација (примена на гасовити средства) за регулација на популацијата на штетни инсекти и глодари. Во посовремените музеи се користат големи ладилници со температура од 8 С˚ што спречува развивање на ларвата на молецот.

Модерната музеологија од препараторите бара познавање на многу дејности поврзани со постојаните и тематските изложби, познавање на живата и неживата природа како и познавање на современите техники на препарирање. Стручните лица успешно ја внесуваат природата низ изложбените простории благодарение на нивната обученоста и креативноста.

Современите музеи кои ја проучуваат природата денес не може да се замислат без добро развиена препаратоска дејност.

 

Лице за контакт: Дарко Базерко, препаратор

e-mail: contact@musmacscinat.mk

Одделение за геологија и палеонтологија

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социjaлни мрежи