Ден на независноста на Република Северна Македонија – државен празник кој се празнува во нашата држава на 8-ми Септември. Празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Северна Македонија. Празник кој популарно е наречен и 8-ми Септември.
По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија на ден 08.09.2022 год. влезот во музејот е бесплатен.
Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!