Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

ФОСИЛОРАМА

Природонаучниот музеј на Република Северна Македонија има чест да Ве покани на отворањето на тематската изложба „ФОСИЛОРАМА“, на 26.10.2022 год., во 19:00 часот. На овој ден, музејот празнува 96 години од основањето и со своето речиси едновековно постоење до денес ги продолжува традициите на негување и презентација на природното богатство.

Изложба има воспитно-образовен карактер и ќе им овозможи на посетителите од поблиску да се запознаат со една ретка фосилна мега фауна, карактеристична за Балканот. Истата се состои од скулптури изработени од стиропор и гипс, обоени со акрилна боја, а имаат и слој од епоксидна смола.

 

Автор на концептот на изложбата и раководител на овој проект е м-р Биљана Гаревска. Автор на скулптурите е нашиот уметник, препараторот Дарко Базерко и, секако, да не ја заборавиме и Бисера Наумовска која веќе неколку години соработува со Музејот и е автор на дизајнот на поканите и постерите.

 

 

Време:19 часот  

Датум: 26.10.2022 година

Ве поканувам заедно да ја погледнеме и свечено да ја отвориме.

ПОВЕЛЕТЕ!!

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи