Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Previous
Next

Одделение за геологија и палеонтологија

Геологија

      

         Почетокот на проучувањето, колекционирањето и истражувањата од сферата на геологијата од страна на Природонаучниот музеј датираат во периодот од 1941 до 1963 година, кога се организирани интензивни истражувања во околината на Скопје ѝ истите претставуваат основа за формирање на првите музејски збирки на минерали и карпи. Подоцна, поради потребата од проширување и постоење на збирка од областа на геологијата, во 90-тите години, со вработувањето на геолог, се создадоа подобри услови за проучување, колекционирање и презентирање на минералите и карпите. Истите претставуваат природно богатство и се дел од неживата природа, кои имаат голема улога во индустријата. Музејот поседува прекрасни примероци на гипс, лорандит, стибнит, пирит, халкопирит, корунд, галенит, гранит, гнајс, диорит, базалт, мермер, варовник, алевролит, ферикоронадит, микашист, сфалерит, кварц, барит, јохансенит и други.

            Денес, во Музејот се евидентирани околу 2190 музејски видови на минерали и карпи, а 108 од нив се наоѓаат во постојаната музејска поставка и припаѓаат на следниве збирки:

  • Минералошка збирка (минералите се евидентирани и презентирани врз основа на нивниот хемиски состав, сулфиди, сулфати, силикати, оксиди и хидроксиди, карбонати…) и
  • Петрографска збирка (магматски, седиментни и метаморфни карпи).

 

Научно-истражувачката работа од областа на геологијата, во рамките на одделението е насочена кон минералогијата.

            Постојаната минералошко-петрографската изложба за прв пат е отворена во октомври 1976 год., во чест на 50-годишнината од работата на Музејот.

 

Лице за контакт: Билјана Карамачоска, кустос

e-маил: b.karamachoska@musmacscinat.mk

Лаборант: М-р Ивица Заркадов

 

Палеонтологија

Палеонтолошкото одделение е основано 1954та година за истражување и проучување на фосилната фауна во нашата држава. Од 1954та година до денес се откриени голем број на наоѓалишта богати со фосилна фауна на цицачи и ископан е голем број на разни видови.  Истражувани наоѓалишта на фосили се: фабрика Киро Ќучук, село Караслари, Чашка, Преваллец (Велес); селата Тремник, Долни Дисан, Вешје (Неготино); селтата Курија и Возарци (Кавадарци); селата Прстен и Башибоз (Валандово) и др. Од наведените локалитети откриени (ископани) се голем број примероци од фосилни видови на цицачи чие значење е од непроценлива вредност за развиток на палеонтолошката наука во нашата држава. Геолошката старост на фосилните пронајдоци датира од Миоцен до доцен Плеистоцен (24МА до 12. 000 години).

Најкарактеристичен период во кој настанува подем на развојот на цицачите односно Пикермиската фауна е крајот на Миоцен. Последниот кат од доцен Миоцен се нарекува Туролиан (9.0—5.3 Ma) и на Европското копно е познат како ера на цицачите (Schlosser, 1921), истиот ги поклопува катовите Месиниан и Тортониан. Најголем придонес во истражувањето и афирмацијата на палеонтологијата во нашата држава и во светот ја направил Проф. д-р Ристо Гаревски кој има публикувано повеќе од 50 научни публикации од областа.

Денес во музејот се евидентирани:

–       10 000 примероци од 65 различни видови на фосилни цицачи;

–       15 000 примероци од фосилни безрбетници;

–       160 различни видови на фосилни растенија.

 

Лице за контакт: М-р Биљана Гаревска, виш кустос

e-маил: b.garevska@musmacscinat.mk

Лаборант: М-р Ивица Заркадов

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социjaлни мрежи