Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Previous
Next

Одделение за едукација и библиотека

Едукација

 

Почетоците на Просветно–педагошката дејност датираат од периодот после Втората Светска војна, кога во музејот се организираат првите музејски изложби, што наметнало потреба од поголемо ангажирање на стручните кадри со цел дополнително информирање на посетителите за изложените музејски експонати. Подоцна, Просветно–педагошката служба прераснува во одделение за едукација, а денес е во рамките на одделението за едукација и библиотека и дава значаен придонес во севкупното функционирање на музејот.

Во одделението за едукација континуирано се врши популаризација на културните, природните и научните вредности на музејските предмети, подготовка и реализација на интерактивни едукативни програми, проекти, предавања и други форми на образовна работа наменети за повеќе целни групи, како и изработка на едукативен материјал од областа на природата. Исто така, преку одделението за едукација се воспоставува соработка со воспитно-образовните и стручни институции. Основната цел и задача на ова одделение е проширување на знаењата, но и подигнување на свеста кај пошироката публика за значењето на природата за човекот.

Лице за контакт: Лилјана Стефановска, едукатор

e-mail: educator@musmacscinat.mk

 

Библиотека

 

            НУ Природонаучен музеј на Р. С. Македонија во рамките на својата дејност, поседува и специјализирана библиотека која врши сложени задачи во процесите на набавка, стручна обработка, обезбедување пристап, чување, заштита и дигитализација на библиотечната граѓа и библиотечните добра.

Специјализираната библиотека располага со богат книжен фонд  (книги, периодични списанија и сл.) од областа на биологија, геологија и палеонтологија, со што допринесува за унапредување на стручната и научно-истражувачката работа на стручниот кадар на музејот.

Библиотеката како резултат на размената со  изданијата што ги издава Музејот (Annales Musei Serbiae Meridionales, Acta Musei Macedonici Scientiarum Naturalium, Fragmenta Balcanica, Посебно издание, Фауна на Македонија и Јубилеен  зборник) сега, како и во минатото, се добиваат голем број на наслови, особено сериски публикации, а размената се врши со 419 институции од земјава и странство. Поголемиот дел од годишниот прилив на книги, публикации и списанија во библиотеката се добиваат по пат на размена и подарок.

Во 2019 година по спроведената ревизија на библиотечниот фонд, библиотеката располагаше со 64.960 библиотечни единици, од кои  3215 наслови на монографски публикации  и 1190  наслови на периодични публикации.

 

Лице за контакт: Билјана Кузевска, библиотекар

e-mail:  librarian@masmucscinat.mk

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социjaлни мрежи