Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Previous
Next

Одделение за ентомологија

Нашата држава се карактеризира со богата и интересна ентомофауна, хетерогена по својот состав како и со присуство на многу ендемски видови. Класата инсекти е застапена со најголем број на видови околу 6 198, вклучително и повеќе од 200 ендемити. Сето ова се должи на географска положба, мешањето на медитеранската и средноевропската клима и хетерогените абиотички фактори. Ова претставува основа за формирање на ентомолошкото одделение во 1941 година од д-р Крсто Тулешков.

            Стручното лице во одделението врши истражување, колекционирање, препарирање, проучување, заштита и објава на ентомолошки материјал. Работи на подготовка и учествува во реализација на повремени, тематски и постојана ентомолошка музејска поставка.

Поголемиот дел од ентомолошкиот матерјал е детерминиран и ревидиран од соодветни научни работници.

Ентомолошкото одделение располага со 190 309 ентомолошки примероци и тие се систематизирани по збирки, како што се:

  • VESPIDAE
  • CARABIDAE
  • STAPHYLINIDAE
  • CURCULIONIDAE
  • CICADIDAE
  • ODONATA
  • NEUROPTERA
  • ORTHOPTERA
  • SYRPHIDAE
  • LEPIDOPTERA, дневни и ноќни пеперутки.

 

            Во постојаната музејска поставка изложени се 2 015 ентомолошки експонати, водни кончиња, пеперутки, богомолката, скакулци, штурци и други.

 

Лице за контакт: М-р Решат Зеќири, виш кустос

e-mail: r.zeqiri@musmacscinat.mk

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социjaлни мрежи