Адреса

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000

Телефонски број

02 3117 669

Е-пошта

contact@musmacscinat.mk

Публикации

 

Природонаучниот музеј на Република Северна Македонија има богата издавачка дејност како резултат на интензивната и континуираната научно-истражувачка активност што се одвивала во текот на изминатите години. Почетоците датираат од 1939 година со печатење на првото музејско списание „Analles Musei Serbiae Meridionales”, со вкупно седум броја и во него се прикажани резултатите од херпетофауната, ентомофауната и флората. Издавачката дејност била прекината за време на Втората светска војна а по војната да го доживее својот подем, со вработувањето на стручни лица во музејот и со издавање на две сепаратни изданија: „Acta” (првиот број во 1953 год.) и „Fragmenta balcanica”( првиот број во 1954 год.). Музејското издание „Acta”   скоро редовно се публикува се до 1995 година. Вкупно 159 објавени броја од „Acta”  и 315 од „Fragmenta balcanica” го потврдуваат интересот за печатење на трудови од областа на таксономијата, биогеографијата и екологијата на фосилната и рецентна флора и фауна од нашата држава и Балканскиот Полуостров.

            Во период 1964-1990 година отпечатено е музејското издание „Посебно издание” од повремен карактер со вкупно девет броја. Подоцна, само еден број е публикуван од Прирачник за препарирање на птици, отпечатен во 1987 година и е наменет за широката јавност.

Капитално дело за фаунистичките истражувања во нашава држава е изданието „Фауна на Македонија”. Првите четири книги се публикувани во текот на 1964-68 година од странските истражувачи Thurner, Daniel, Klimesh и Pinker, поврзани со истражувањата за пеперугите во нашава држава. Подоцна, во годините што следат се отпечатени шест броја од оваа едиција:

  • Фауна на Македонија I. Поткорници Scolutoidea (Coleoptera-Insecta), од

Д-р Зора Караман.

  • Фауна на Македонија II. Десетоноги ракови – Decapoda (Malacostraca-Crustacea), од Д-р Младен Караман.
  • Фауна на Македонија III. Долгоножни комарци – Tipulidae (Diptera-Insecta), од Д-р Душка Симова-Тошиќ.
  • Фауна на Македонија IV. Дождовни глисти – Lumbricidae (Oligochaeta-Annelida), од Д-р Јонче Шапкарев.
  • Фауна на Македонија V. Kalanoida – Calanoida (Crustacea-Copepoda), од

Д-р Трајан Петковски.

  • Фауна на Македонија VI. Растителни оси Symphyta (Hymenoptera-Insecta), од д-р Јонче Чинговски.

Печатењето на одредени трудови од домашни и странски соработници (С. Караман, З. Караман, Т. Петковски, Р. Микшиќ, E. Kenigzman, Б. Чурчиќ, Л. Зомбори, Ј. Пап како и ботаничарите Т. Сошка, Х. Ем, И. Павлетиќ, И. Хорват, К. Мицевски……) во музејските изданија ја потврдуваат соработката на музејот со сродни институции.

По повод 50, 75, 80 и 90 години постоење и работа на Природонаучниот музеј на Република Северна Македодина  издадени се четири јубилејни зборници.

Подоцна а после 22 години од последното публикување на музејското издание  „Acta”, истиот повторно почна да се публикува во 2017 година до денес. Во него се печатат резултатите од истражувањата на полето на геологијата (минералогија, петрографија, …), палеонтологија, зоологија, ботаника, екологија и др.

Контакт

Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk

Социални мрежи