Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
02 3117 669
contact@musmacscinat.mk
Откривањето на фосилните цицачи во нашата држава е извршено 1917 година од страна на еден германски командант, кој вршел ископување на песок, на 3,5 km југозападно од Велес. Веднаш сфатил дека коските кои ги пронашол се од големо значење и ги испратил во Минхен на палеонтологот Schlosser на испитување, кој при проучувањето докажал дека овие фосилни цицачи се многу важни и слични со тие што се откриени во Пикерми, локалитет во Грција на околу 20 km од Атина, оттука произлегува терминот Пикермиска фауна.
Палеонтологот Schlosser врз основа на пронајдоците ја публикува првата книга за фосилното богатство од Велес со наслов: „Die Hipparionenfauna von Veles in Mazedonien“ Max Schlosser (1921), München. Од оваа фосилна фауна биле пронајдени 20 видови животни меѓу кои се мајмун, носорог, жирафи, хипариони и други. По повод 100 години од публикувањето на книгата на Макс Шлосер, одделението за геологија и палеонтологија подготви тематска изложба со наслов „ПРЕВАЛЕЦ“ Centum fossus.
Во изложбата се прикажани публикуваните фосилни видови од книгата на Schlosser, а истата е збогатена и со нивна реконструкција, односно визуелно ќе биде прикажано како тие вистински изгледале. Исто така, изложбата е збогатена и со геолошка карта на локалитето Превалец во Велес, проследена со минералошки и петрографски материјали од депото на музејот.
Учесници за реализација на изложбата:
М-р Биљана Гаревска – виш кустос, Билјана Карамачоска – кустос, Ивица Заркадов – лаборант, Дарко Базерко – препаратор, Македон Петличаров – препаратор во пензија
Бисера наумовка – дизајн и техничка обработка и Водител – Марко Наумовски.
Изложбата ќе ја отвори проф. Д-р Драган Колчаковски.
Бул. Илинден бр. 86, Скопје 1000
Телефонски број: 02 3117 669
Е-пошта: contact@musmacscinat.mk